24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Тројца починаа од коронавирус само во Делчево во едно деноноќие – меѓу нив и истакнат музички работник

Тројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево. Меѓу починатите од коронавирус е и истакнатиот музички работник Слободан Цобе Илиоски, од кого денеска градот се простува, пишува Press24.mk.

Делчево денеска загуби голем културен работник, се вели во објавата на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров“ по тој повод.

– Слободан Илиоски – Цобе е професор по музичка уметност во СОУ „М.М.Брицо“, долгогодишен соработник на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, прекрасен човек, колега, омилен меѓу учениците и граѓаните на Делчево. Во својот богат работен век, беше член на оркестарот и пеачката група „Распеани Делчевчани“, како и на групата „Делчевска тајфа“, а од 2009 година наваму работи како раководител на пеачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи“ како дел од работата на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево. Со овие ансамбли и групи има настапувано на многу концерти во нашата држава, но и надвор од неа, каде успешно ја презентира македонската песна.

Почивај во мир, драг и почитуван колега, вечна ти слава, се вели во прошталниот говор на колегите.