10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Состојбата со Ковид-19 е апсолутно стабилна и целосно под контрола

Ситуацијата со коронавируот во земјава е апсолутно стабилна и целосно под контрола,очекуваме и во наредниот период бројките на новозаболени да го задржат сегашниот тренд, кажа за Телма, министерот за здравство, Венко Филипче.

Во меѓувреме од Светска банка ќе се бараат пари за реализација на 16-те модуларни болници со кои треба инфективните одделенија физички да се одделат од останатите болнички капацитети, кои во тој случај би продолжиле нормално да функционираат за пациенти со други болести.

„Во текот на утрешниот ден имаме еден работен состанок на којшто ќе ги образложиме пред експертите на Светската банка сите аспекти на овој наш прокет, заради тоа што тоа подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата – во смисла на болнички кревету, понатаму на лабораториите, во смисла на тоа секоја болница да има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати коиѓто ќе бидат готови за 45 минути и секако, оној план за распределување на младите лекари“, вели за Телма, Филипче.

Во подготовките во пресрет на третиот бран на вирусот кој се очекува од есен, Филипче вели дека со протоколи за функционирање во такви услови се опфатени речиси сите сегменти од општеството.

„Единствено нешто што дополнителни би требало и можело да дојде предвид се рестриктивните мерки во движењето, но засега нема индикација за тоа, се надевам дека така и ќе остане“, кажа Филипче.

Според него најдобар индикатор дека состојбата е стабилна е капацитетот на болниците, однсно дека има доволно кревети за лечење на заболените, како и добрата организација на медицинскиот персонал кој ги третира овие пациенти.