11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следуваат пеколни температури: Метеоцентар со детална прогноза за продолжениот Илинденски викенд

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло.

Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Прогноза за 31.07.2020
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 34°С до 40°C
Сончево и многу топло со слаб до умерен повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ=9

Прогноза за 01.08.2020
Минимална температура: 15°C до 25°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи.Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. УВ=8

Прогноза за 02.08.2020
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. УВ=8