10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Драматична е ситуацијата во штипската болница: Се отпуштаат полесните ковид-пациенти и се примаат потешките

Од петокот и викендов, пред Инфективното одделение во Штип повеќе пациенти кои имале симптоми на коронавирус и упати од матичните доктори чекаат да бидат примени, иако Одделението е веќе исполнето со максималниот капацитет за 55 болни, пишува СДК.мк

Вчера во Штип беа регистрирани нови 60 ковид позитивни.

Директорот на Клиничката болница Ален Георгиев вели дека Инфективното одделение прави обиди да ги смести новозаразените, а веќе примените пациенти иако се со еден, па дури и со два позитивни теста, а имаат малку полесни клиничка слика, ги праќаат на домашно лекување и во самоизолација само да се ослободи кревет за новите потешко заболени.

Како што пренесува СДК.мк според Марија Димитрова од Центарот за јавно здравје во Штип, вчера се земени 50 брисеви и се направени 30 епидемиолошки анкети. Загрижува што во Штип се јавува ново текстилно жариште, поради што нови две конфекциии ја прекинаа работата.

Со 868 заразени со коронавирус на 100.000 жители Штип има најголема стапка на болни во државата.

Спонзорирано: