10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потресно обраќање на Филипче: Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови ….

Фејсбук статус на Министерот за здравство Венко Филипче:

“Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца.

Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано.”, напиша Венко Филипче на социјалните мрежи, откако беа објавени серија фотографии и видеа од масовни концерти низ градовите во Македонија, каде граѓаните не се приддржуваа до здравствените правила.