10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Русија го укина задолжителниот карантин за патниците од странство, треба да имаат само негативен тест

Патниците кои влегуваат во Русија од 15 јули повеќе нема да мора да одат во 14-дневна изолација, односно карантин, одлучи Федералната служба за здравствена заштита.

Странските државјани кои доаѓаат во Русија ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус или да бидат тестирани во рок од три дена од влегувањето во земјата.

Руските граѓани исто така се должни да се тестираат во рок од три дена од пристигнувањето, пренесува ТАСС.

Од работодавците се бара да ги известат вработените за задолжителното тестирање и да проверат дали ја исполниле таа обврска.

Спонзорирано: