10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Тензии меѓу САД и Кина околу Јужното Кинеско Море

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го оспори правото на Кина на локациите во Јужното Кинеско Море, додека Пекинг ја критикуваше неговата изјава, наведувајќи дека тоа предизвикува тензии во регионот.

Помпео во соопштението наведе дека Кина нема правна основа за своите амбиции во Јужното Кинеско Море и оцени дека земјата со години користи закани против други земји во Југоисточна Азија.

„Јасно даваме до знаење дека аспирациите на Кина за ресурси во Јужното Кинеско Море се незаконски, како и нивната кампања за насилна контрола на тие локации“, рече Помпео, додавајќи дека светот нема да му дозволил на Пекинг да го третира Јужното Кинеско Море како свое поморско царство.

Пекинг ги оцени обвинувањата на Помпео како целосно неоправдани, потенцирајќи дека САД не ги почитуваат напорите на Кина и земјите од АСЕАН за мир и стабилност во таа област.

Кинеската амбасада во Вашингтон ги повика САД да не заземаат страна околу прашањето на територијалниот суверенитет и да ги почитуваат напорите на регионалните земји за мир и стабилност во областа на Јужното Кинеско Море.

Кина полага право на одредени острови во Јужното Кинеско Море, кои се предмет на спор со други земји во регионот, на што САД се спротивставуваат, така што има чести инциденти меѓу воените одбори на двете држави во тој регион.

Филипините, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван исто така тврдат дека некои од стотиците гребени и мали острови во Јужното Кинеско Море им припаѓаат ним, но од 2014 година Пекинг ги засили тврдењата дека има право на скоро сите острови, бетонирајќи ги гребените за изградба на воени аеродроми опремени со радари, проектили и авиони.