14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином, посочува организацијата „Кребшилфе“.

Во изјавата за весникот „Аугсбургер Алгемајне“, претседателот на „Кребшилфе“, Герд Нетековен, предупреди за потенцијални фатални последици.

„Кребшилфе“ е загрижен затоа што одложувањето во многу случаи не било медицински оправдано.

Според организацијата, околу 50.000 онколошки операции биле одложени до средината на јуни.

Исто така, мерките за поддршка на пациентите со онколошки заболувања, од психосоцијална поддршка до палијативна медицина, се максимално намалени.

Од „Кребшилфе“ велат дека им се јавиле пациенти чие испитување е одложено по операцијата, што, според Нетековен, може да има фатални последици.

Ваквото однесување може да доведе до животна опасност за пациентите со дијагностициран карцином, истакна тој.

Спонзорирано: