12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ: Односите со Турција не се добри

„Односите со Турција не се добри во моментот и ќе бидат на врвот на агендата на ова заседание“, најави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Тој го изјави ова веднаш по пристигнувањето во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Агенцијата АНА известува дека Борел најавил „интересна дискусија“ за начините за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека денешната седница ќе биде прва по долго време во кое учесниците ќе бидат физички присутни.

Борел најави дека советот ќе разговара и за односите со Латинска Америка во контекст на пандемијата на коронавирус и проблемите со кои се соочува овој дел од светот, но и за Либија, Венецуела, Африка и резултатите од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Земјите членки на ЕУ, исто така, се очекува да зборуваат со особена загриженост за ситуацијата во Хонгконг.