11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Премиерот на Индија со јога против коронавирусот

Премиерот на Индија, Нарендра Моди ја пофали јогата како метод за зајакнување на имунолошкиот „заштитен оклоп“ против коронавирусот, додека неговата земја се бори со раширена зараза.

Моди, познат по тоа што редовно ја практикува оваа древна индиска техника, им ја препорача јогата на своите граѓани во пораката на „Јутјуб“ пред Светскиот ден на јогата во недела.

„Никаде во светот досега не е откриена вакцина за Ковид-19“, рече Моди.

„Затоа само силниот имунолошки систем може да биде заштитен оклоп или чувар за нас и членовите на нашето семејство … јогата е наш сигурен пријател во изградбата на тој заштитен оклоп“, додаде тој.

Индискиот лидер, вегетаријанец и голем противник на алкохол основа Министерство за јога, ајурведа и други методи на традиционално лекување кога дојде на власт во 2014 година.

Спонзорирано: