11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Двајца Канаѓани обвинети за шпионажа во Кина

Двајца канадски државјани, Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор, беа приведени во Кина во декември 2018 година. Тие сега се официјално обвинети за шпионажа, пренесува Си-Ен-Ен.

Ковриг се гони за „шпионирање на државни тајни и разузнавачки информации“, а Спавор за „шпионирање и нелегално откривање на државни тајни“.

Ковриг е поранешен дипломат во Пекинг, а Спавор е основач на компанијата Пакт, која го олеснува патувањето во Северна Кореја. Меѓу другите, тој му помогна на кошаркарот Денис Родман да патува во Пјонгјанг и да се сретне со Ким Јонг Ун.

Членови на семејството и пријателите тврдат дека двајцата се затворени во лоши услови.

Гај Сен Жакес, амбасадор на Канада во Кина од 2012 до 2016 година, вели дека Спавор е во притвор во североисточната провинција Дандонг, каде дели ќелија со уште 18 други затвореници, светлата се вклучени 24 часа на ден и тие можат да излезат само 15 минути.

Тој вели дека Ковриг е во Пекинг, и дека ниту еден од нив нема пристап до адвокат.

„Постои поголема геополитичка игра помеѓу Кина и САД, а Канада е некаде на средина – и има двајца Канаѓани кои ја плаќаат цената“, рече поранешниот дипломат.

Спонзорирано: