14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Кина не ги смета за потврдени асимптоматските случаи

Континенталниот дел на Кина пријави уште 32 случаи на ковид-19 од кои 25 се забележани во Пекинг, соопшти Националната здравствена комисијата на земјата.

Тоа е благ раст во однос на претходниот ден, кога биле потврдени 28 случаи, од кои 21 во Пекинг.

Вкупно во Кина заболени се 83.325 лица, покажуваат податоците на сајтот Ворлдометерс. Исто така, вчера биле пријавени уште пет асимптоматски случаи, додека претходниот ден тој број изнесувал 8.

Кина тие пациенти не ги смета како потврдени случаи на коронавирус, пренесе Ројтерс.

Локалните власти го ограничија движењето на луѓето во Пекинг и ги зајакнуваат другите мерки за да се спречи дополнително ширење на вирусот, откако беа забележани низа инфекции на локално ниво.

Спонзорирано: