13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Мас: Можно е наскоро да го повлечеме предупредувањето за патување за земји надвор од ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека постои можност Германија следната недела да го повлече патничкото предупредување за земјите надвор од ЕУ.

„Не би исклучил во моментот дека ќе има и други земји за кои ќе можеме да ги повлечеме предупредувањата за патувања“, изјави Мас.

Според него, одлуката ќе зависи од состојбата со коронавирусот во тие земји.

Тој најави дека повеќе ниту еден авион на германската влада нема да се користи за враќање на германските туристи.

Сепак, Мас додава дека Министерството ќе продолжи да обезбедува поддршка за германските туристи во случај на воведување ограничувања во земјите на престој за време на одморите, со цел да се вратат во Германија со обични летови на сопствен трошок.