20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Исланд на туристите им нуди две недели бесплатно тестирање од коронавирус

Исланд, како популарна туристичка дестинација, планира на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање за коронавирус во текот на последните две недели во јуни.

Исландската Влада неодамна објави дека патниците во Исланд од 15 јуни по влегувањето во земјата ќе треба да изберат дали да направат тест или да одат во 14-дневен карантин.

Во меѓувреме, властите објавија дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, по што ќе се наплаќа 113 долари. Децата нема да мора да бидат тестирани.

Исланд првично ќе може да тестира 500 туристи на ден, но за неколку недели се очекува бројот да се зголеми на 4.000 тестови дневно.

Во оваа земја досега се регистрирани над 1.800 заразени со Ковид-19, а 10 лица починале како резултат на оваа болест. Во моментов се активни само три случаи.

„Ние сакаме да го зачуваме напредокот што го постигнавме дури и кога туристите ќе почнат да доаѓаат кај нас“, рече главниот епидемиолог на Исланд, Торолфур Гуднасон.

Исланд од денеска ќе дозволи пристигнувања на земји од ЕУ, Велика Британија, ЕФТА и Европската економска зона.