Centar.mk
ЛОКАЛНО

Почна отстранувањето диви објекти на крајбрежјето на Охридското Езеро од Горица 3 до Свети Стефан

Општина Охрид денес почна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од Горица 3 до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата Свети Стефан. Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, соопшти општината.

По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и натстрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.

Објектите што се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК