8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дури 86 отсто од заразените од коронавирус се лекуваат од дома

Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција информираше дека 318 пациенти се хоспитализирани, што е 14 отсто од вкупниот број на заболени лица.

На Инфективната клиника во Скопје 37 пациенти се на кислородна поддршка, а пациенти на механичка вентилација нема.

– Дополнителен капацитет е монтажната болница која има 70 кревети. Ги засиливме со кадар и двете главни болници во Скопје, на Инфективна клина дојдоа 5 доктори и вкупно 27 медицински сестри. Во болницата „8 Септември“ има 113 пациенти, 10 се на респиратор, 21 со потешка клиничка слика. Засилени сме и таму со плус 6 лекари“, рече Филипче.

Спонзорирано: