17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар лишиле од слобода две лица (34) и (36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал едното лице., а сопатник бил другото, биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.