11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Грчки острови за продажба: цените се движат од пет на 12 милиони евра

Неколку мали острови во Егејското Море се огласени за продажба преку грчките сајтови за недвижнини. Овие острови припаѓаат на групата острови на Киклади и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонисија и Сирос, јавуваат грчките медиуми.

Најевтиниот може да се купи за 4,9 милиони евра, додека најскапиот, со површина од 1,1 милион квадратни метри, се нуди за 12 милиони евра. Намалена е цената на продажба на еден од островите од седум на 4,9 милиони евра. Некои немаат плажи, но новиот сопственик има можност да ги направи во одредени делови на островот, се вели во огласот. На еден од нив има дури и пештера со „прекрасни сталактити“.

Некои од огласите за деветте острови понудени на продажба се појавија во мај и јуни годинава, а други се постари. Меѓу нив е група од три острови по цена од шест милиони евра.

Локалниот сајт за информации Cyclades24 забележува дека „она што импресионира е дека рекламите биле објавени на сајт со добра репутација, од страна на добро познати агенции за недвижнини“. Се додава дека ова се омилените острови во таа област.

Спонзорирано: