7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Бразил: Се умира побрзо од коронавирус отколку на кое било друго место во светот

Бразил ја надмина Велика Британија по бројот на смрти случаи од Ковид-19 во светот. Во однос на бројот на смртни случаи од коронавирусот, Бразил сега е на второто место во светот.

Вкупниот број на починати достигна 41.828, бидејќи уште 909 луѓе починаа во последните 24 часа, пренесува Ројтерс.

Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број заразени е 828.810, бидејќи се регистрирани 25.982 нови случаи на Ковид – 19. Бразил е исто така втор во светот по бројот на заразени, по САД.