Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Грција се отвора за туристите: Ќе стигнат илјадници туристи кои дури и не знаат дека се заразени од коронавирус

Доаѓањето на туристи заразени со коронавирус, кои не покажуваат никакви симптоми, во текот на летото во Грција е неизбежно, рече Манолис Дермикакис, професор по генетика на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева.

Дермикакис тврди дека дури и од 29-те земји на кои земјата ги отвори своите граници затоа што тие се сметаат за најбезбедни, неизбежно ќе има голем број на туристи кои ќе дојдат во Грција со коронавирусот, дури и да не знаат дека ги имаат.

„Кога се очекува да пристигнат од 6 до 10 милиони луѓе, некои сигурно ќе бидат заразени. Значи, ние мора да најдеме начин да се справиме со нив“, рече Дермикакис, додавајќи дека дури и ако тие земји би биле во иста епидемиолошка ситуација како Грција, ќе има одреден процент на нови случаи.

Според многу груба проценка на овој професор, 6.000 до 10.000 туристи кои ќе ја посетат Грција ќе бидат асимптоматски. Во секој случај, Дермикакис уверува и појаснува дека Грција ќе успее да се справи со тој број случаи.

Спонзорирано: