Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Се носи одлука: Ќе се укине ли полицискиот час од понеделник?

Во недела се очекува Комисијата за заразни болести да излезе со предлог за тоа како да се дејствува понатаму со оглед на поголемиот број новозаразени и дали ќе биде потребно враќање на полицискиот час.

Според неофицијални информации полициски час од понеделник најверојатно ќе нема, но ќе зајакнат контролите за почитувањето на мерките за заштита од коронавирус, а тоа е носење на маски на места каде што не може да се оддржи физичка дистанца, но и во затворените простори.

Согласно новите бројки што ќе доаѓаат следните денови ќе се оди кон продолжување на олабавувањето на мерките и применување на нови протоколи за отворање на сега затворените бизниси.

Министерот Венко Филипче вчера ја смири јавноста, со информацијата дека вирусот сега е помалку вирулентен и во 90 проценти од случаите е забележан без симптоми, а останатиот дел од новозаразените имаат благи симптоми, што на пример не беше случај во март и април.

Комисијата за заразни болести во следниов период ќе треба да даде мислење и за оддржување на парламентарните избори кои треба да се случат на 5-ти јули. Многу земји објавија дека ќе имаат избори, како на пример Србија, Хрватска, Словенија, но и Русија која ќе гласа на референдум. Мислењата на здравствените власти во овие земји се дека со коронавирусот ќе живееме и во следниот период, се до пронаоѓањето на вакцина, па според тоа, ќе мора и да ги практикуваме заштитните мерки и во иднина, но и да си го вратиме нормалниот живот, како и нормално функционирање на институциите, особено треба да се земе и фактот што како држава мора да имаме Влада со парламент позади неа, кои ќе мора да носат одлуки во случај на есенски бран на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК

БЕЗ ДОЗВОЛА, СО ЗАБРАНА, ПА ДУРИ И ПИЈАН НА ТРАКТОР: МВР со нова акција низ државата – Девет возачи завршија во полиција за само 24 часа

ДЕСК