14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Пандемијата главна тема на денешното Генерално собрание на СЗО

Во Женева, денеска, ќе биде одржано 73. Генерално собрание на Светската здравствена организација, а главна тема ќе биде пандемијата на Ковид-19.

Поради пандемијата, Собранието ќе биде одржано во видеоформат и со скратен дневен ред.

Се очекува на седницата да биде усвоена резолуција со која би се истакнала потребата за непристрасна, независна и сеопфатна процена на меѓународен одговор на пандемијата, што ја координира СЗО.

Во новиот извештај на СЗО, меѓу другото, се наведува дека од 2000 до 2016 година очекуваното траење на квалитетен и здрав живот глобално е продолжено за 8 проценти, од 59 на 63 години, но се напоменува дека пандемијата ќе влијае на забавување на тој добар тренд.