12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лидерска средба во претседателската вила на Водно

Денеска, со почеток во 12 часот, во Кабинетот на претседателот во Вилата „Водно“, ќе се одржи средба, на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.