6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Само со маска во маркети, банки и на зелени пазари

Сите граѓани при пазарење во маркети, одење во банки или на отворени простори, како зелените пазари, од денеска ќе мора да носат заштитна опрема.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вчера побара и натаму да се почитуваат донесените мерки за социјална дистанца и носење заштитна опрема, која е задолжителна во затворени простории, но и во одредени случаи на отворени места.

„Меките мерки предвидуваат зајакната индивидуална одговорнoст. Тоа е мерката за држење растојание од 2 метра. Значаен процент од заболените со коронавирус е асимптоматски, тоа значи дека лицето кое стои пред вас може да е заболено и да не знае, а само два метра можат да ве заштитат. Следна мерка е носењето заштитна опрема, свилена марама, респираторна опрема, шал, медицинска маска. Тоа ќе овозможи прекин на ширењето на вирусот бидејќи повеќето заболуваат преку кашлање. Оваа мерка ќе важи на територијата на целата држава. Заштитната опрема мора да се носи во маркети, продавници, банки, а на отворените места мора да се носи на зелените пазари и на други места каде што не можете да одржите дистанца од два метра“, посочи Спасовски.

Спонзорирано: