11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео и галерија) Во Охрид полицискиот час се почитува – еве како изгледа македонскиот бисер за време на викенд забраната за движење

Да беа нормални околности, денес во Охрид ќе немаше игла каде да се фрли, но коронавирус ситуацијата влијаеше и денеска граѓаните да мора да останат во своите домови согласно препораките и одлуките за продолжен полициски час.

Полицискиот час во Охрид се почитува максимално, а полицијата успешно ги регистрира пешаците и возилата кои се движат со посебно издадени дозволи за движење за време на забраната.

Откако полициската екипа ни изврши проверка, крајно љубезно ни посакаа лесна работа, и ние нив, со оглед дека токму полициските службеници, лекарите, медиумите и сите останати кои мора да работат во вакви времиња се на првите фронтови во оваа битка.

Охрид денес беше празен, онака и како што очекувавме, охриѓани 100 процентно ги почитуваат мерките на Владата, а тоа всушност го покажуваат на дело и секојдневните извештаи од страна на Министерството за здравство, каде има забавен пораст на новозаразени, за разлика од многу други држави низ Светот.

Се надеваме дека во скоро време коронавирусот ќе биде победен и ќе имаме прилика да го гледаме македонскиот бисер повторно во својот вистински сјај.

 

 

 

Спонзорирано: