Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.
Кај неа и нејзиниот сопруг беше дијагностицирана како позитивни на коронавирусот на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.
Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. 62 годишната жена е трета жртва на коронавирусот во Македонија.
Спонзорирано: