Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Најмалку 5 лица од кожната клиника се позитивни на коронавирусот

Попладнево министерот Венко Филипче потврди дека пет лица од Клиниката за дерматологија, колеги на директорката Нина Цаца Билјановска која беше позитивна на коронавирусот.

„Од новите 29 новозаразени, пет лица се од кожна клиника. Тие немале никакви симптоми но, имаат позитивен резултат. Сите се во добра општа состојба, резултатите ги дочекаа во домашна самоизолација, и ќе продолжат да бидат во домашна изолација. Денеска овие пет позитивни се од 30 тестирани, а во следните денови ќе бидат тестирани и останатите, со цел да се видат резултатите“, рече министерот за здравство Венко Филипче.