Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Двајца припадници на АРМ заразени со коронавирус

Двајца вработени во АРМ биле заразени од коронавирус информираа од Министерството за Одбрана.

Тие последниве денови биле во самоизолација.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Covid19.

Во текот на денешниот ден потврдени се два случаи на припaдници на Армијата кај кои на тестот за „Covid19“ се покажани позитивни параметри. И двата припадници ( подофицер и војник) извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал, соопштија од Армијата.

Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот е од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Covid19.

И двата припадници не биле во странство. Армијата во озминатиот период целосно ги пoчитува препораките од миностерството за здравство при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација и при самото сомневање.