11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

СЗО: Европа сега е епицентарот на пандемијата на коронавирусот

Европа сега е епицентар на глобалната пандемија на коронавирусот, изјави шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој ги повика државите да преземат агресивни мерки и да се мобилизираат.

„Не дозволувајте вирусот да се шири“, рече тој.

По Италија, Шпанија е најтешко погодена европска земја. Во последните 24 часа во Шпанија има двојно зголемување на бројот на мртви, на 120, а заразени се повеќе од 4.200 луѓе.

Коронавирусот досега се појави во 123 држави и има повеќе од 132.000 заразени.

Спонзорирано: