Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Коронавирусот стигна и во Хрватска

Прв случај на коронавирус потврден е во Хрватска.

Се работи за млад човек кој во моментов се наоѓа во Клиниката за инфективни болести во Загреб, потврдил премиерот на Хрватска АНдреј Пленковиќ.

Пленковиќ навел дека момчето е во добра состојба.

Заразеното момче бил повратник од Италија каде бил во посета од 19 до 21 февруари.

– Покажува знаци на блага болест и се надеаме дека така ќе остане. Се концентрираме на контактите кои ги остварил откако се вратил во Крватска. Не очекуваме компликации, соопштија од министерството здравство.