17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тепачка меѓу педесетина Срби во Виена, се скарале на фамилијарна вечера

Околу 50 луѓе учествувале во масовна тепачка во Виена кога членови на српско семејство се собрале на вечера во ресторан, пренесува „Индекс.хр“ повикувајќи се на австриските медиуми.

Откако полицијата реагирала, четири лица биле уапсени, а во тепачката има и повредени.

Пошироката фамилија се собрала во ресторан во Виена за семејна прослава во саботата, пишуваат австриските медиуми, но средбата ескалирала по неколку последователни кавги, објави „Блиц“.

Тепачката преминала од ресторанот на улица и една од келнерките повикала полиција. Полицајците утврдиле дека околу 50 лица учествувале во тепачката. По ова пристигнало засилување и целата улица била блокирана.

Причината за тепачката засега е непозната, пренесува „Блиц“./Makfax