14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ангела Меркел останува најпопуларен германски политичар и по 14 години на власт

И покрај неодамнешните тензии во коалицијата на Ангела Меркел, кои се закануваа да ја соборат нејзината влада, канцеларката и натаму останува најпопуларен германски политичар и по 14 години на кормилото. Поддршката на Меркел се засилила во јануари, покажува анкетата на ТВ АРД, што ја цитира „Блумберг“.

Поддршката за Меркел се зголемила на 53 отсто – шест поени повисоко од претходниот месец – додека рејтингот на нејзината наследничка како шеф на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и актуелен министер за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, е само 23 отсто.

Крамп-Каренбауер беше избрана за нов лидер на ЦДУ во декември 2018 година кога Меркел се повлече од функцијата, но се чини дека сè уште нема голема поддршка кај Германците судејќи според резултатите од анкетата на АРД. АРД интервјуира 1.506 лица по телефон од 7 до 8 јануари.

Меркел вети дека ќе остане канцелар до 2021 година и покрај напуштањето на партиското место по лошиот резултат на нејзината партија на изборите за регионални парламенти.

Исто така, имаше шпекулации дека Меркел ќе се повлече од функцијата канцелар по навестувањето на Анегрит Крамп-Каренбауер за ревидирање на договорот за коалиција помеѓу ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите./Makfax

Спонзорирано: