10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Стоматолог најплатено занимање во светот

На списокот со најмалку стресни занимања се програмери, статистичари, логопеди, ветеринари и дел од медицинскиот персонал.

Стоматологијата е на врвот на списокот со најдобро платени работни места со ниско ниво на стрес, се вели во студијата на американскиот медиумски центар U.S. News & World Report.

Оваа професија не беше на прво место на највисоко платените занимања, но во категоријата годишни приходи и нивоа на стрес однесе победа, пренесува РТЛ.

Според нивното истражување, вработените во оваа професија во САД во просек добиваат годишна плата од 225.760 долари.

Во анализата беа вклучени 187 работни места со висока плата, а покрај стоматологијата, на списокот со најмалку стресни занимања со можности за напредок и добар баланс на приватниот и деловниот живот беа и програмерите, статистичарите, логопедите, ветеринарите, како и дел од медицинскиот персонал./makfax

Спонзорирано: