12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Aвстралијците протестираaт против климатските промени додека беснеат пожарите

Илјадници Австралијци излегоа на улиците во знак на протест против неактивноста на владата за климатските промени додека пожарите беснеат низ Австралија.

Конзервативната влада на премиерот Скот Морисон се соочува со зголемен притисок да направи повеќе за климатските промени.

Австралија ги намали своите обврски во врска со Парискиот договор за климата минатата година.

Дваесет и седум лица загинаа, а илјадници станаа бездомници кога пожарите уништија повеќе од 10,3 милиони хектари земја оставајќи запалено земјиште во Јужна Кореја.

Главните улици на Сиднеј беа блокирани додека демонстрантите извикуваа ScoMo has to go („ScoMo мора да си оди“) осврнувајќи се на премиерот Скот Морисон, а други носеа транспаренти на кои пишуваше „Нема клима Б“ и „Спасете нè од пеколот“.

Слични протести се одржани во австралиската престолнина Канбера и во Мелбурн, кои се меѓу градовите со најзагаден воздух во светот овој месец./Makfax