Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен агент на ЦИА осуден на 19 години затвор поради шпионажа

Поранешен агент на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) вчера е осуден на 19 години затвор откако федералниот суд во Вирџинија го прогласи за виновен за шпионажа во корист на Кина.

Џери Чуан Шинг Ли (55) ја напушти ЦИА во 2007 година и се пресели во Хонг Конг.

Тој во 2010 година бил контактиран од двајца припадници на Кинеската разузнавачка служба, кои му понудиле пари и „доживотно“ старателство над него во замена за информации до кои дошол додека бил во ЦИА.

Стотици илјади долари биле уплатени на сметка на Ли во периодото од 2010 до 2013 година во замена за информации од ЦИА.

Ли е уапсен на Хаваи, кога агенти на ФБИ во неговата хотелска соба пронашле нотес кој содржел рачно напишани информации за ЦИА.

Ли располагал со чувствителни информации за ЦИА,како што се банкарски сметки на американската агенција, локации за оперативни состаноци, телефонски броеви и детали за тајните локации на ЦИА.