19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

(Видео) Силно невреме ја зафати Грција – Халкидики и Тасос се најпогодени

Силно невреме го погоди северниот дел од Грција, со обилни дождови и грмотевици, пренесоа грчките медиуми.

Најтешко се погодени островот Тасос и Халкидики, јави „Катимерини“. На шест острови прогласена е вонредна состојба.

Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта, па сообраќајот е блокиран во дел од погодените подрачја.

Во местото Панагија на Тасос, бурата носела автомобили. Критично е и на местото Лименарија на овој остров.