5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Македонија е домаќин на министерскиот форум за културна соработка со Кина

Министерството за култура и Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ се домаќини на Четвртиот министерски форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, кој ќе се одржи во Скопје на 25 и 26 ноември.

Свеченото отворање на Министерскиот форум е закажано за 25 ноември (понеделник) во 10 часот во хотелот „Мериот“ каде што ќе се обрати министерот за култура Хусни Исмаили, а на главниот панел се предвидени тематски излагања на шефовите на делегациите присутни на Форумот.

На Форумот ќе учествуваат министри за култура и високи функционери од земјите членки во Процесот „17+1“, меѓу кои и министерот за култура и туризам на НР Кина Луо Шуганг, кој во Скопје доаѓа со неколкучлена делегација. На Форумот ќе присуствува и ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

На Министерскиот форум ќе биде донесена и Декларација за идната културна соработка на земјите учеснички во Процесот „17+1“, која содржи и План за соработка во културата за следните две години (2020 – 2021) со кој ќе се направи крупен чекор кон трасирањето на уште подинамична соработка. Планот за соработка опфаќа активности во областа на културните и креативните индустрии, културното наследство, филмот и дистрибуцијата на филмови, униите на библиотеки, како и составување на симфониски оркестар од 18 земји членки во Процесот „17+1“.

Во областа на културата досега се одржани три форуми за културна соработка меѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ на министерско ниво (во НР Кина, во Софија, Бугарија, и третиот повторно во НР Кина). На Третиот министерски форум беше усвоен и потпишан Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за култура на земјите од ЦИЕ и НР Кина за воспоставување Координативен центар за културна соработка со седиште во Република Северна Македонија.

Со одржувањето на Четвртиот министерски форум, Република Северна Македонија дава значаен придонес во зацврстувањетона културната соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа на билатерлно и намултилатерално ниво.

Спонзорирано: