16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција донесе нова одлука за мигрантите

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и неговите советници за национална безбедност денеска донесоа одлука мигрантите да ги префрлат на копното во Грција, од полните кампови на островите.

Покрај тоа, донесена е одлука да се забрза процесот на депортација на азилантите чиишто барања се одбиени и да им биде укинато правото на жалба.

Ќе биде зголемен и надзорот на границите, а активиран ќе биде и поморскиот систем за набљудување, што претходната грчка влада го немаше активирано.