Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ќе има ли штрајк? – Министерот Адеми повика учебната година да почне утре

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска на прес-конференција ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта утре да почнат со работа.

Адеми нагласи дека ќе продолжат разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), со цел да бидат дефинирани мерките за подобар квалитет на наставата и статусот на наставниците. Според министерот, нема причина за организирање на штрајк кога има одлука за поголема плата.

„Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние имаме решение и одлука за повисока плата“, рече Адеми и додаде дека учебната година стартува со новиот Закон за основно образование и Законот за наставници кој е фокусиран на кариерниот развој на просветните работници.

СОНК на 23 август донесе одлука за предупредувачки штрајк на првиот училишен ден. Синдикатот бара покачување на платите на просветните работници за 25 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК