Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Косовските власти не сакаат преговори, само признавање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека претставниците на косовските власти се нервозни, дека не сакаат да разговараат, туку сакаат само Србија да го признае Косово.

Вучиќ рече дека не може да каже дали Србија има повеќе симпатии во светот во врска со решавањето на косовското прашање, но посочи дека и со претставниците на Приштина малкумина разговораат.

Тој кажа дека српските инвестиции во Косово се големи, какви што со децении не биле, како и дека ќе се инвестира сè повеќе и повеќе.

Спонзорирано: