7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Скопските општини организирано ослободуваат заробени дрвја

Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на т.н. заробени дрвја.

Станува збор за дрвја чии стебла и корени за забетонирани при нестручно изведени градежни активности.

Tим од Шумарскиот факултет досега мапираше 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени.

Оваа акција и денеска се одвива во општините Карпош, Чаир и Центар каде што се работи со забрзано темпо, а според информациите на градските власти, во Аеродром биле лоцирани 20 вакви дрвја кои биле ослободени само за еден ден.

„Општина Аеродром акцијата ја заврши во еден ден. Според моите информации, во Аеродром не остана ниту едно заробено дрво и со тоа оваа општина можеме да ја сметаме за ‘целосно ослободена’ во однос на заробените дрвја. До крајот на акцијата очекуваме да се ослободат најмалку 200 дрвја, што е повеќе од 25% од вкупниот број заробени дрвја во Скопје“, рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на акцијата што се спроведуваше на улицата Никола Тесла во општината Карпош.

Тој нагласи дека скопските општини заедно со Град Скопје и градските јавни претпријатија на секој можен начин ќе спречат ново заробување на дрвја на јавните градски површини.

„Апелираме и до сите физички лица и компании кои изведуваат макар и најситни градежни активности да внимаваат на дрвјата бидејќи тие се едни од најважните чувари на нашето здравје и здравјето на нашите деца“, додаде Салиху.

Спонзорирано: