24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелски проектили погодиле стратешка планинска област во близина на Голанската Висорамнина

Ракети, веројатно истрелани од израелските авиони, ја погодија стратешката планинска област Тал ал-Хара во провинцијата Дараа во Сирија, предизвикувајќи материјална штета, но нема жртви, пренесува РТ.

Тал ал-Хара е највисока точка во провинцијата Дараа и гледа кон Голанската Висорамнина што Израел ја окупираше во 1967 година и ја анектираше во 1981 година. Израел и претходно ја нападна стратешката локација, стрелајќи голем број ракети во Тал ал-Хара на 12 јуни.

Израелската војска вообичаено не ги коментира воздушните напади против Сирија, а официјалниот став на Тел Авив е дека тие се дел од одбраната на израелската национална безбедност.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе продолжи да ги напаѓа иранските сили во Сирија – вклучувајќи ја и локалната милиција Хезболах, поддржана од Техеран – кои го помагаат Дамаск против милитантите и терористите на Исламска држава.

Сирија во неколку наврати ги осуди нападите како кршење на нејзиниот суверенитет и рече дека го зајакнуваат моралот на другите терористи. Во вторникот Дамаск уште еднаш ги повика ОН да стават крај на израелските напади и да интервенираат за да ги спречат овие прекршувања.

„Израелскиот окупациски ентитет и натаму напаша врз Сирија за да им понуди поддршка на терористичките организации”, изјави претставникот на Сирија во ОН, Башар ал Џафари, во Советот за безбедност само неколку часа пред последниот напад, истовремено осудувајќи ја продолжената окупација на Израел на Голанската Висорамнина.