10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВО ФОКУСОТСВЕТ

(видео) Снимена драмата во боингот кој летал од Приштина кон Базел: Силни турбуленции, летале столици, има повредени

Десет лица биле повредени откако авион од типот „Боинг” од АКЛ Ерлејнс, кој патувал од Приштина кон Базел, Швајцарија имал големи турбуленции, кои траеле од 20 до 25 минути пред слетувањето.

Инцидентот го потврдила за новинската агенција „20 минутен” портпаролката на аеродромот во Базел Вивиен Гаскел.

Според неа, авионот во кој се наоѓале 121 патник, слетал во 20.07 часот и 10 лица веднаш биле однесени во градската болница во Базел. Инцидентот се случил над Северен Тирол додека авионот се обидувал да ја заобиколи воздушната бура на само 30 минути пред слетувањето на аеродромот во Базел.

Читател за агенцијата „20 минутен” изјавил дека членови од неговото семејство кои биле во авионот му кажале дека од силните турбуленции и столиците излегле од место, а некои луѓе претрпеле сериозни повреди.На крајот, авионот успешно слетал во Базел, по што повредените патници биле пренесени во болница. Само два часа подоцна Боингот полетал во обратен правец.

Спонзорирано: