12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тројно убиство во Белград – силни полициски сили вршат увид

Драгослав Јовановиќ, кој пукаше во својата сопруга минатата година во Нов Белград е осомничен за убиство на три лица.

Станува збор за Ш.Н. (1997), неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М., пишува Вечерњи новости.

Нивното исчезнување е пријавено на 10. јуни.

Таткото на Јовановиќ се посомневал дека Драгослав ги убил овие три лица.

Според трагите од истрагата, Јопвановиќ наводно ја повикал помошничката од својата перална, ѝ рекол дека има посебна задача за неа и дека добро ќе ја плати „но да го држи јазикот зад забите“.

Жената потоа раскажала дека во неговото „БМВ x5“ имало траги од крв. Во меѓувреме бил пронајден телефонот на исчезнатиот Ш.Н., но телата засега ги нема. Се испитуваат мотивите, а не се исклучени и нерасчистените сметки во врска со работата која ја водел Јовановиќ.

Јовановиќ во понеделникот пукал во сопругата, а потоа и во себеси, па по неколку дена им подлегнал на повредите.

Спонзорирано: