6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Мета: Претседателот ѝ припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека претседателот ѝ припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани.

„Претседателот се бира во Парламентот, секако не како што е овој, туку во целосно легитимен парламент. Претседателот ѝ припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани“ изјави Мета.

На функцијата, со мандат од пет години, Мета беше избран во претходниот состав на парламентот, кон крајот на април 2017 година, а на функцијата стапи во јуни истата година.

Тој најави дека брзо ќе ја усвои одлуката за нов датум за одржување локални избори во земјата, откако претходно ја поништи уредбата за одржување избори на 30 јуни. Според него, секој кој не ја почитува одлуката за одложување на изборите, ѝ штети на државата.

„Се до новиот датум, уредбата за одлагање на изборите е на сила и треба да се почитува и спроведува. Оној кој сака да чекори по патот на незаконитоста, тоа е негово право, но треба едно да знаат, дека на тој начин го провоцираат социјалниот мир и демократската стабилност во земјата“нагласи Мета.

Тој ги повика на консултации премиерот и шефот на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љулзим Баша.

Спонзорирано: