Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Уапсени опозициски функционери и симпатизери во Албанија

Албанската полиција уапсила 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Пјеренџас. Тие се товарат за блокирање и спречување на изборната кампања на владејачката Социјалистичка партија.
Четворица функционери од Демократската партија, двајца локални лидери и двајца генерални секретари, поранешен пратеник на Демократската партија и тројца симпатизери на таа партија, се уапсени поради нелегално организирање собир.

Апсењата следат откако демонстрантите го блокираа патот на конвојот возила на Еди Рама во Перенџас и извикуваа „Рама замини“. Албанскиот премиер требаше да се сретне со партиски симпатизери и да го соопшти кандидатот за градоначалник на Перенџас.

Ова се случува во моменти на длабока политичка криза во Албанија, откако претседателот Илир Мета со указ ги одложи локалните избори закажани за 30 јуни, а владејачката партија на Рама во парламентот покрена иницијатива за негово разрешување.