15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

АНАЛИЗА: Каде му се милион и двесте илјади противници на Преспанскиот договор на Христијан Мицкоски?

– ​Денес речиси 1 милион и 200 илјади граѓани кои се јасно и недвосмислено за членство на државава во ЕУ и НАТО кажаа дека се против промена на името. Тие луѓе повторно се за членство во овие организации и тоа не може да го смени ниту Заев ниту било кој друг политичар. Овие луѓе ја сакаат Европска Македонија, но се против договорот Заев, Ципрас и тоа треба да им е јасно, со оваа порака лидерот на ВМРО ДПМНЕ излезе ноќта откако беа соопштени резултатите од референдумот.

На Претседателските избори 2019-та година каде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска, заедно со Христијан Мицкоски во текот на кампањата, но и месеци претходно главна поента им беше “промената на името” и предавството кое што го направила власта, за што се фалеа дека на референдумот излегле само 600.000 граѓани, а милион и двесте илјади седеле дома затоа што биле противници.

Кога дојде ден да се валоризира таа националистичка реторика, Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ со најжестоките говори кои беа против Преспанскиот договор, не успеа да собере ниту 330 илјади гласови колку што ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од десетици партии, освои на локалните избори 2017-та, туку со сета националистичка реторика успеа да анимира само 316 илјади граѓани за поддршка на Гордана Сиљановска, кандидатка за претседател која е против договорот од Преспа.

Останува отворено прашањето: Каде му се на Христијан Мицкоски, милион и двесте илјади противници на договорот?