15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Аја Софија ќе ја нарекуваме џамија, не можат да ни кажуваат што ќе правиме

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повтори дека музејот Аја Софија во Истанбул повторно ќе биде претворен во џамија.

„Аја Софија нема веќе да се нарекува музеј. Нејзиниот статус ќе се промени. Ќе ја нарекуваме џамија“, рекол Ердоган синоќа во телевизиско интервју.

Поради критиките на странските државници на оваа негова одлука, Ердоган рекол дека тие кои молчат кога се напаѓа џамијата Ал Акс во Ерусалим „не можат да ни кажуваат што да правиме со статусот на Аја Софија“.

Ердоган минатата недела предлоѓи Аја Софија, до 15. век византиска христијанска Соборна црвка, а после падот на Цариград (Истанбул) џамија, која од 30-те години од минатиот век е музеј, повторно да се претвори во џамија.