Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров се сретна со генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), амбасадорот Џовани Кастеланета, придрижуван од Иван Иванишчевиќ, Генерален директор за мултилатерала во МНР на Црна Гора, во функција на претседавач со оваа иницијатива.

На средбата, министерот Димитров изнесе задоволство од поддршката на Секретаријатот и земјите-членки за членството на Република Северна Македонија во оваа иницијатива (мај 2018 година). Изнесе надеж дека нашата држава како најмлада членка и со нашиот активен пристап ќе придонесе кон натамошно јакнење на регионалната соработка, согласно целите и начелата на Иницијативата. МНР Димитров ја истакна важноста на регионалната соработка, имајќи ги предвид новите перспективи кои таа ги нуди.

Амбасадорот Кастеланета ја пренесе поддршката на ЈЈИ, за што поскоро започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Беа разменети мислења за заедничката стратегија на ЕУ и ЈЈИ (ЕУСАИР), како и за придобивките за нашата држава во евро-интегративниот процес.

Заеднички беше констатирано дека продлабочувањето на соработката во рамките на самата иницијатива, но и со други регионални организации ќе овозможи поинтензивна динамика на конкретните форми на соработка во областа на транспортот, туризмот, културата, животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК