12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ФСБ уапси осомничен вклучен во терористичкиот напад во московското метро во 2010 година

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси член на криминална банда која беше вклучена во организирањето на терористичките напади врз станиците „Лубјанка“ и „Парк култури“ во Москва во 2010 година, изјави за ТАСС во Центарот за односи со јавноста ФСБ.

„ФСБ уапси член на криминалната банда „Вагабов“ во соработка со Рускиот истражен комитет во областа Касавјуртовски во Руската Република Дагестан”, објави ФСБ.

“Идентификуваната криминална банда беше вклучена во организирање на бомбашките напди извршени одженски бомбаши-самоубијци на 29 март 2010 година во Москва “.

ФСБ повтори дека водачот на бандата беше елиминиран во 2010 година.

Притворениот осомничен е однесен во Москва за понатамошно испрашување.